Конститутивната седница ќе продолжи утре во 12 часот

од desk2

И покрај барањето на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија конститутвната седница да продолжи по 18 часот, претседателот на Собранието од претходниот пратенички состав, Трајко Вељаноски, продолжението на седницата го закажа за утре во 12 часот.

Досега на продолжението на конститутивната седница за збор се јави единствено Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа следуваше дебата единствено помеѓу пратениците од партијата.

Од СДСМ побараа гласање за претседател на парламентот, односно за предлогот на ДУИ, Талат Џафери, но наместо тоа, пратениците продолжија да дебатираат за избор на членови во Комисијата за избори и именување.

Слични содржини