Коѕијас следната недела ќе им реферира на партиските лидери за текот на преговорите

од desk2

Следната седмица, министерот за надворешни работи на Грција ќе ги извести претседателите на грчките политички партии за текот на преговорите за името по разговорите во Виена, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на свои извори.


Како што јави дописничката на МИА од Атина, за информацијата нема официјална потврда, а медиумите во Грција повикувајќи се на извори од партијата Движење за промена, објавија дека шефот на грчката дипломатија веќе имал телефонски разговор со претстедателката Фофи Генимата, но и со лидерот на Река, Ставрос Теодоракис.

Според грчката телевизија Скај, Коѕијас, телефонски разговарал и со одговорниот за надворешна политика во Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.

Телевизијата Антена, објави дека шефот на грчката дипломатија, од неговите соговорници побарал да се сретнат штом се врати од Виена, за да ги извести за разговорите.

-Ова е нешто што не знам дали треба да го толкуваме дека се наоѓаме блиску до еден ќорсокак или блиску до излез, коментираше новинарката од ТВ Антена.

Слични содржини