Проблемите во македонското образование кулминираат. Се повеќе доаѓа до израз младешкиот револт, кој задоен од неквалитената образовна програма им пркоси на наметнатите набрзина политички т.н. образовни реформи.

Затоа наместо во училница тие повеќе се на улица или во зградите каде организираат паралена настава, која вусшност е последица на севкупните состојби во образованието. На тој начин, денес средношколците ја изразуваат својата неразбрана „разбудена македонска пролет„. Поради сето ова, народниот правобранител Иџет Мемети се обрати до министерот за овразование Џевад Адеми од кого бара да се канализира и разбере потребата од „квалитетни и издржани промени во која било сфера, а особено во сферата на образованието„.
Промените не треба да се донесуваат на брз начин, посочува во писмото Мемети, додавајќи дека без консултации на пошироката јавност, транспарентна јавна дебата, вклучување на сите инволвирани страни, меѓу кои и младите, со цел да се планираат целосни и сеопфатни новини, взамено прифатливи, ќе имаа придобивки за сите подеднакво, учениците, наставниците и општеството во целина.

„Во ниту еден случај не смее да се заборави дека учениците се директно засегнати од реформите во воспитно-образованиот процес, кој влијае на нивниот развој и изградба на нивната личност.Од друга страна, воведувањето на реформи во образованието и начините на нивна реализација без консултирање, комуникација и дијалог со младите вклучени во образовниот процес, придонесува истите да се чувствуваат непотребни и неважни, иако овие промени се однесуваат на самите ученици и тие ги чувствуваат последиците од истите„ вели народниот правобранител во писмото адресирано до министерот Адеми.

„Поради тоа, надлежното министерство сериозно да им посвети внимание на забелешките и ставовите на средношколската младина, да ги почитува како субјекти, и во разговор со нив да ги слушне нивните размислувања по однос на реформите во образованието, затоа што само по пат на комуникација и дијалог со сите, и со младината може да се очекуваат конструктивни и издржани промени, со кои ќе се постигне квалитетно образование„.

Народниот правобранител, во интерес на децата, му препорачува на Министерот, да  внимава на правото за слободно мислење и изразување за сите прашања кои се однесуваат на детето, правото на учество/партиципација и практикување на дијалог, со што нема да се остави простор за каква било манипулација на децата и младите, како и посветување на потребното внимание за нивните ставови, согласно законите и меѓународните документи ратификувани од страна на Република Македонија.

Слични содржини