Научници од Оксфорд објаснија зошто редовниот секс по 50 година е задолжителен

од Vladimir Zorba

Сите знаат за придобивките од решавањето на крстозборки и учење на странски јазик за одржувањето на умот кај постари. Според новото истражување, сепак редовниот сексуален живот по 50-годишна возраст, исто така помага.

Британски научници спроведоа експеримент со учество на 28 мажи и 45 жени на возраст меѓу 50 година и 83 година, кои требало да се подложат на различни тестови за своите ментални способности.

Тие исто така беа прашани и колку често имаат секс – еднаш неделно, месечно или никогаш. Луѓето кои водат полов живот барем еднаш неделно покажале повисоки резултати при говор и просторна ориентација.

“Можно е зголемената фреквенција на сексуалната активност да е поврзана со најдобрите когнитивни вештини”, се вели во истражувањето на експерти од универзитетите во Ковентри и Оксфорд.

“Луѓето не сакаат да мислат дека постарите луѓе имаат секс”, изјави Хејли Рајт, водечки автор на студијата од Универзитетот во Ковентри.

“Но, ние мора да го предизвикаме тоа разбирање на социјално ниво и да погледнеме какво влијание може да има сексуалната активност кај луѓето над 50 година”, рече таа.

Според истражувањето понатамошни истражувања би можеле да проучат како биолошки елементи како допамин или окситоцин може да влијаат на врската помеѓу сексуалната активност и функцијата на мозокот, за да бидат точно објаснети откритијата.

Слични содржини