Нема заедничка литургија на МПС и БПЦ, владиците само на иста трпеза кај Заев

од desk4

„Со самото вклучување на бугарската православна црква, прашањето на МПЦ се отвора на поширок план, пред сите цркви, а тоа е доволен показател во која насока се движиме. Знаеме дека нема да биде лесно, да беше лесно немаше спорот да трае толку долго, но самото доаѓање го сметаме за позитивен чекор“, оценува Митрополит Тимотеј, портпарол на МПЦ.

Посетата на митрополите, доаѓа на барање на претседателот Радев, БПЦ да се вклучи во државната делегација за посета на Македонија. По писмото на МПЦ, бугарската црква формираше комисија за ова прашање и најави дека пред да донесе одлука за прифаќање на МПЦ за црква ќерка ќе има контакти со останатите четиринаесет православни цркви.

Засега само руската православна црква и одговори на БПЦ и тоа дека не треба да се меша во ингеренциите на другите православни цркви.

Православниот свет се уште не ја признава автокефалноста на Македонската православна црква. МПЦ и Српската православна црква водат спор со децении, бидејќи српската страна досега нуди само одреден степен на автономија, а не и целосна самостојност на МПЦ.

Слични содржини