Оложено судењето за случајот „Сопот“

од desk2

Поради отсуство на судијката, денеска во скопскиот Кривичен суд е одложено рочиштето за случајот „Сопот“ за 9 октомври.

Случајот „Сопот“ е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина. Во овој случај десет лица се осудени за тероризам.

Тие се товарат дека во 2003 година подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јули годинава му го предаде предметот „Сопот“ на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со овој случај.

Слични содржини