Приватниот авион паднал близу село Ветерско, велешко

од Vladimir Zorba

 

avionot

Авионот кој попладнево исчезна од радарите на скопскиот аеродром е пронајден во близина на Велес. Тој, според локалните жители, се уште e во пламен, а полицијата и противпожарните екипи се на терен. Неофицијално се дознава дека во авионот имало шест патници.

Жителите на околните велешки села чуле силна експлозија по што повикале полиција.

Според МВР, приватниот авион кој полетал од Тревизо, Италија има германски ознаки. Во него патувале 6 лица, патници и членови на екипажот. Авионот бил пријавен на аеродромот само за дополнување на гориво, но околу 17.40 часот неговиот сигнал бил изгубен од радарот, на 10 километри од пистата./Мета

Слични содржини