Проговори и српската хостеса од Закинтос која се сликала со Американецот

од desk2

После немилите настани на грчкиот остров Закинтос, тамошните медиуми дошле до девојката од барот, српската хостеса поради која наводно почнала тепачката.

Грчките медиуми нејзиното име не го откриваат, но според пишувањата на “Oladeke”, таа изјавила дека момчињата од Србија, и пришле и прашале „зошто покрај толку Срби таа се фотографира со црнец“.

Имено грчкиот портал “Oladeka” успеал да дојде до хостесата од клубот, девојката со српско потекло, која најверојатно е причината за покренување на страшната тепачка на Закинтос во која животот го изгуби американскиот турист Хендерсон. Девојката ни крива ни должна, е вплеткана во целиот инцидент.

Името на девојката не е откриено, но според пишувањето на “Oladeka” изјавила дека момците од Србија и пришле и ја прашале зошто покрај толку Срби таа се фотографира со црнец“. Тогаш почнал пеколот.

Еден од момчињата од Србија го удрил Бакари, по што овој му удрил флаша во глава.

„Отидов со тројца Американци. После пет минути се вратив и видов како на улица лежи Бакари, без свест и како му тече крв од очи. Еден од Американците беше покрај него и се обидуваше да му помогне“-изјавила таа девојка.

Да потсетиме, грчкиот весник Прото тема ја објави и изјавата, како се наведува на српскиот обезбедувач, кој „ја прекинал тишината и раскажал што се случило“ а која се софпаѓа со српската хостеса.

„Таа вечер имаше гужва во клубот. Хостесата, која имала српско потекло имала слободен ден, но дошла во клубот каде се дружела со Американците меѓу кои била и жртвата. Разговарала со нив, се шегувала и добро забавувала. Во клубот во тој момент имало многу Срби, од кои еден и пришол на девојката и и рекол „Зошто се дружиш со Американци“, со заканувачки тон. Американецот вербално одреагирал, а Србинот му удрил бокс в лице.

Потоа Американецот земал флаша и го удрил Србинот во глава. Тогаш почнало се. Девојката почнала да ги раздвојува, а жртвата по грешка ја удрила девојката со лакт и неа почнало да и тече крв. Дојде да ми бара помош и јас влетав да ги раздвојам. Почнаа да летаат пепелари , а Американецот излезе од локалот и почна да трча, а по него тргнаа и момчињата од српската елита, јас и грчкиот бармен.

„Се сеќавам дека го удрив со една тупаница во лице и два три пати по тело, но не по глава. Кога си заминав, толпата Срби немилосрдно продолжи да го удира по цела глава и тело-рекол српскиот обезбедувач за сајтот Прототема.гр./Фактор

Слични содржини