Протести на 4 февруари во Атина со порака „Македонија е грчка“

од desk2

Грчки невладини организации во недела повторно најавуваат протест против името Македонија. На социјалните мрежи се појавија повици, за граѓаните да излезат на улиците во Атина, на 4 феврурари, каде ќе се одржи протестот.

Со грчки знамиња и знамиња со сонцето од Вергина, со слогани дека Македонија е грчка и со плакати со пораки „Македонија била е и ќе биде грчка“, „Тргнете ги рацете од Македонија“, „Името е нашата душа“ илјадници Грци, минатата недела се собраа во центарот на Солун на протестот за „одбрана на името“. На протестот во Солун, група демонстранти кои учествуваа на митингот, се обидоа да личуваат поранешен заменик министер за образование на Грција, Костас Зурарис. Ексфункционерот важи за контроверзна личност и е член на партијата „Независни Грци” и е жесток противник на употребата на називот „Македонија” во новото име./Makfaks

Слични содржини