РЕК Битола потврди дека од СЈО влегле во комбинатот и чешлаат документација за тендери

од Vladimir Zorba

Претставници од СЈО вчера влегле во РЕК и извршиле увид врз дел од документацијата, поврдија од комбинатот. Од таму не откриваат дали СЈО ја чешла документацијата поврзана со тендерите за ископ на јаловина и транспорт на јаглен што беше тема на една од „бомбите“ во прислушуваните разговори, пишува СДК.

rek-bitola[1]

„Претставници на Специјалното јавно обвиниталество со соодветна дукументација во рамки на нивните законски овластувања во текот на вчерашниот ден беа во РЕК „Битола“. Како компанија им излеговме во пресрет да обезбедиме за се што е предмет на нивните потреби“, велат од РЕК.

Од СЈО не откриваат детали со образложение дека се работи за предистражна постапка поврзана со наоди од прислушуваните разговори.

 Во една од „бомбите“ беше емитуван разговор, во кој наводно се слушаат гласовите на поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски за местење тендер за РЕК Битола. Во разговорот, поранешниот премиер споменува автомобил „сеат ибица“ за да алудира на името на бизнисменот на кој треба да му се даде бизнисот со јаглен во РЕК. Поранешниот премиер во разговорот вели дека нема против и „сеат ибица“ да влезе, а Чинговски одговара дека тоа ќе биде малку тешко зашто „не е ископ на јаловина, туку испорака на јаглен и таму не можат две различни да бидат и мора да е некој конзорциум.“

Комбинатиот кој е енергетски стожер на Македонија во изминатите месеци во неколку наврати прозведуваше струја само со еден блок, а од раководството велеа дека тоа се планирани застои.

Слични содржини