“Се големо  внимание  ја слушаме  изјавата на 14 јануари од премиерот на Албанија, Еди Рама, во врска со учеството на владејачката Социјалистичка партија на Албанија во создавањето на Ослободителната војска на Косово и во битката за Косово во соседна Србија, како и решавачкиот придонес на партијата за усвојување на законот за употребата на јазиците од парламентот на Република Македонија. Овој закон го става албанскиот , како втор официјален јазик во земјата заедно со македонскиот “, коментираат од руското МНР.

“Овие изјави ја потврдуваат намерата на г-дин Рама да продолжи да ја промовира озлогласената          ” платформа од  Тирана “ , за која самиот е помогнал вонејзиното изготвување . Спроведувањето на овој документ ќе ги  поткопа уставните основи на македонската држава и Охридскиот рамковен договор и потоа може да  предизвика нови етнички судири на Балканот.

Ова одговара на амбициите за Голема Албанија, кои го  загрозуваат територијалниот интегритет на неколку земји во регионот “, дополнува Русија.

“Придавам големо значење на прашањето на јазиците, а ние веруваме дека таквите одлуки треба да се донесуваат само врз основа на договор меѓу сите страни на власта во секоја земја и широк консензус во неговото општество “, ја објаснуваат својата позиција од руското Министерство за надворешни работи.