Русите можеби го убиле лидерот на ИД Ал Багдади, САД не може да потврди

од desk2

Руското Министерство за одбрана соопшти дека лидерот на екстремистичката група Исламска држава Абу Бакр ал Багдади можеби бил убиен во руската воздушен напад во Сирија во минатиот месец.

Руските новински агенции цитираат извори на Министерството дека користело неколку извори за да ги провери информациите што укажуваат на тоа дека ал Багдади бил убиен во воздушен напад врз јужните предградијата на Рака на 28 мај.
Во овој напад загинале околу 330 луѓе, вклучувајќи и неколку високи личности на ИД.

Портпаролот на меѓународната коалиција, предводена од САД, која се бори против Исламска држава, полковник Рајан Дилон, изјави денеска дека не може да ги потврди тврдењата дека е убиен лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади.

Соопштението на американската коалиција следеше по тврдењето на Русија дека го убила Ал Багдади кон крајот на мај во воздушен напад на местото на состанокот на лидерот на ИД на периферијата на нејзината „престолнина“ во Сирија, Рака.

– Во овој момент не можеме да ги потврдиме овие наводи, рече Дилон.

Пред пет дена и сириската телевизија пренесе вест дека ал Багдади е најверојатно убиен во воздушен напад.

Сириска телевизија: Убиен Ал Багдади

Слични содржини