Сириска телевизија: Убиен Ал Багдади

од desk2

Абу Бакр ал Багдади наводно е убиен во воздушен напад на сириската војска, објави сириската телевизија. Сепак, ова аинформација треба да се земе со резерва имајќи предвид дека шефот на Исламска држава веќе неколкупати е прогласуван за мртов.

Смртта на ал Багдади, инаку најбаран светски терорист, не ја потврди агенцијата Амак, блиска до џихадистите.
Сириските активисти „Рака 24“ пријавиле воздушен напад во градот кој џихадистите го сметаат за престолнина на својот калифат и според нивните извештаи во тој напад загинале седум луѓе.

Главата на ал Багдади е уценета на 25 милиони долари. Се веруваше дека се крие во пустината во околината на Мосул во северен Ирак, но разузнавачките слуѓби веруваат дека побегнал од градот пред ирачката војска да организира офанзива за враќање на Мосул.

Ал Багдади, чие вистинско име е Ибрахим Авад Ибрахим ел Бадри, прв пат се појави во јавноста во јули 2014 година, кога во џамија во Мосул, која ја зазеде ИД, најави формирање на исламски калифат на Блискиот исток.

За Абу Бакр ал Багдади во последните две години најмалку десет пати е речено дека е убиен или сериозно ранет./блиц

Слични содржини