СДК: Обвинителството на ЗВРЛЕВСКИ скрило хард диск со прислушивани разговори на Заев во „ ПУЧ“Р

од Vladimir Zorba

Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева објави дека од Обвинителството на Марко Зврлевски добило хард диск со снимени десетици илјади разговори и пораки од два телефони на Зоран Заев, најден во канцеларијата на Звонко Костовски во УБК, но тој диск не бил употребен како доказ во случајот „Пуч“, во кој со спогодба беше осуден разузнавачот, пренесува СДК.мк

Дискот му бил предаден на СЈО заедно со други списи и докази, кога од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција бил трансфериран предметот.

„При доставување на предметот КО.бр.25/15 на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје до ова Јавно обвинителство, покрај другите списи и докази, е доставен и хард диск за кој е утврдено дека потекнува од канцеларијата во УБК која ја користел осудениот Звонко Костовски, но хард дискот не е предложен во листата на докази“, вели СЈО во шестмесечниот извештај, објавен во средата.

Обвинет во „Пуч“ дека го уценувал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со прислушувани материјали беше лидерот на СДСМ, а Обвинителството не го приложило дискот како доказ, иако содржел незаконски следени комуникации.

При извршената анализа на дискот од страна на СЈО, констатирано било дека се генерирани фајлови од активност на апликација со која незаконски се бележела комуникација помеѓу два телефонски броеви каде што таргет е лицето Зоран Заев со други телефонски броеви.

„Генерираните фајлови и нивната обработка укажуваат дека комуникациите биле следени без издадени судски наредби, односно незаконски. Од страна на ова Јавно обвинителство извршен е електронски попис на овие материјали кој е сочинет на 27. 189 страници во електронска форма. При тоа, детектирани се 31. 495 аудио фајлови со времетраење од 671 час и 72.513 СМС пораки кои биле цел на апликацијата, која бележи комуникација помеѓу овие два телефонски броеви со други“, наведено е во извештајот на СЈО.

Хард дискот со илјадниците нелегално следени разговори на Заев, според она што го кажува СЈО во последниот извештај, бил скриен од страна на Јавното обвинителство за организиран криминал и воопшто не бил пријавен како доказ.

Повеќе тука

Слични содржини