Сеад Кочан дава исказ во СЈО

од desk2

Бизнисменот Сеад Кочан кој е првоосомничен во случајот „Труст“ за наместен тендер со кој буџетот е оштететен за 17 милиони евра е на распит во Специјалното јавно обвинителство.

Кочан заедно со својот адвокат Никола Додевски влезе во СЈО околу 14 часот, а според информациите, тој треба да даде исказ за овој случај.

При влегувањето во СЈО, Кочан ги избегна новинарите и не даде изјава.

Кочан минатиот месец слободата си ја обезбеди со гаранција од приближно 900 илјади евра движен и недвижен имот. На 25-ти минатиот месец прв пат беше во специјалното јавно обвинителство каде вршеа увид во доказите кои ги доби во електронска форма.

Слични содржини