Сексот со роботи би можел да стане секојдневие наредните триесет години

од desk3

Научниците предвидуваат дека до 2050 година, сексот со роботи може да биде алтернатива, а во некои, поекстремни случаи дури и почеста појава од обичниот секс, пишува „Дејли мејл“.

– Вие ќе можете и да ги поврзете своите сексуални фантазии со другите луѓе, или да ги почувствувате нивните мечти. Или пак, да стимулирате оргазам со еден клик – тврди Ијан Пирсон, футуролог и иноватор кој направи завидна кариера преку соработката со продуценти на научнофантастични филмови, и со своите предувидувачки теории.

655-402-robot-pepyr-tokio

Се претпоставува дека тоа би ја намалила стапката на сексуалните престапи и на проституцијата.

Анкетите пак, покажуваат дека 20 отсто од испитаниците би го прифатиле тој предизвик.

Дури 72 проценти од анкетираните сметаат дека роботите „многу добро би ја извршиле таа задача“. Дваесет и осум отсто се сложуваат дека тоа би било едно интересно „ново искуство“.

– Овие роботи луѓето би ги доживувале како своите автомобили, и на нив би трошеле многу пари. Така сексот би бил полесен, побезбеден, почест и многу позабавен – предвидува Пирсон.

Сепак, тој додава дека роботите многу повеќе ќе се користат за други домашни потреби./MИА

Слични содржини