„Со кроце, со арно и со малку со ќотек“: На Груевски не му помага ниту политичката генетика!?

од Vladimir Zorba

„Малку со арно, малку со ќотек”, беше девизата на ресенчанецот, од старото, “изворното” ВМРО, кој стигна до највисоките политички функции на царска Балгарија!?

vele-mitanoski

Доследен на изворноста, Груевски, денеска, “само” еден век подоцна, ја спроведува истата тактика: те молејќи го, те уценувајќи го Али Ахмети! Те со “првото интервју за албански весник”, во кое тој прави попис на сите доброчинителства кон Албанците, те со политичката уцена и впрегнувањето на обвинителството и финансиската полиција кон Бејта (потпретседателот), читај- кон Али Ахмети (претседастелот на ДУИ).

 Просто е неверојатно, како неговите медиумски труби, денеска, така дегутантно, пекаат по Ахмети, заборавајќи на “краткото паметење” дека Никола “полесно ќе си ја исечеше раката, отколку да се ракува” со Ел Команданте, дека ДУИ, коалицирајќи со Никола, треба истовремено да коалицира и со Владимир Голубоски, од коалицијата на Никола, а, кој, нели “им ги поткаструваше ноктите и крилата на Албанците”!?

Тоа што Ахмети, вози “паралелелeн политички слалом”: те со Груевски-во чии раце, сеуште, е мандатот, те со Заев, кој допрва треба да го добие (ако го добие!?), е повеќе од јасна порака дека со “сила убавина не бидува”!?

Веле Митаноски – Фејсбук статус

Слични содржини