Србија може да ги затвори границите за мигрантите

од Vladimir Zorba

Ако другите земји на патот на бегалците ги затворат границите, Србија ќе го направи истото независно од нивните сфаќања, изјави денеска претседателот на земјата, Томислав Николиќ, пренесува Tанјуг.

image_5792118_126

Србија се соочува со предизвици во миграциската криза и спроведува засилени преговори за тоа со Брисел, истакна пред новинарите шефот на државата.
“Немаме потреба од можност за сместување на повеќе од пет до шест илјади лица, бидејќи тоа би значело дека некој планира овие луѓе да останат тука подолго”, истакна Николиќ.

Тој објасни дека досега имало само спорадични инциденти со бегалците во Србија, но ситуацијата може да се влоши во даден момент. “Неопходна е брза реакција во соработка со ЕУ”, додаде претседателот.

Слични содржини