Стивен Хокинг: За 30 години треба да ја колонизираме Месечината!

од Vladimir Zorba

Британскиот научник Стивен Хокинг вели дека човештвото треба да се фокусира во напорите за колонизација на Месечината. Еден од најбрилијантните умови на нашето време истакна дека целта која треба да се оствари е за 30 години да се создаде база на Месечината, објави Би-Би-Си.

За време на меѓународниот фестивал “Starmus” Британецот уште еднаш зборуваше за потребата од колонизирање, за да биде спасено човештвото. Хокинг многупати изјавувал дека тоа треба да е главната цел на луѓето, бидејќи животот на Земјата нема да биде вечна.

“Водечките земји треба да испратат астронаути на Месечината до 2020 година. Тие треба да ги фокусираат своите напори во градењето на база и тоа да се оствари во следните 30 години “, изјави Стивен Хокинг. “Проширувањето во вселената ќе ја промени целосно иднината на човештвото”, изјави Хокинг.

Тој е цврст противник на тврдењето дека парите треба да бидат вложени за решавање на проблеми на нашата планета. “Не ја негирам важноста на борбата против климатските промени, но време е да испитаме и други соларни системи”, изјави британскиот физичар.

На крајот на минатата година Стивен Хокинг вели дека “живееме во најопасното време на нашата планета”. “Имаме технологијата која може да ја уништи планетата на која живееме. Не сме ја развиле способноста да го избегнеме тоа”, изјави Британецот.

Слични содржини