Таен извештај: Русија сака да ја внесе Македонија во сојуз со Србија и Грција, настрана од НАТО!

од Vladimir Zorba

Русија сака да ja вовлече Македонија во сојуз со Србија и Грција,  и ги користи енергетските проекти за тотален притисок и контрола.

Во последните 9 години Република Македонија е цел на моќна субверзивни, пропагандна и разузнавачка дејност од страна на руската амбасада во Скопје, руските разузнавачки служби, вклучувајќи и преку ставање во функција  на акредитирани новинари.  Ова се вели во таен извештај на македонската Дирекција за безбедност и контраразузнавање -Одделение за анализа  .

Извештајот е испратен до директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање Владимир Атанасовски.

Руската стратегија во Македонија има за цел да го спречи процесот на пристапувањето на земјата кон НАТО преку директни изјави на официјалниот државен врв во Москва и создавање на “замрзнати конфликти” во регионот …

Се користат средствата и методите на т.нар. “Мека моќ”, која е дел од стратегијата на Руската федерација  на Балканот. Нивната цел е Република Македонија да биде изолирана од влијанието на “Западот”, се вели во документот. Руската надворешна политика е во тесна врска со енергетската стратегија, чија цел е целосна контрола на стратешките енергетски ресурси и тоа се врши преку партнерства со балканските држави.

Во тој контекст е и обидот за освојување на македонскиот енергетски гигант со цел создавање на монопол на пазарот на енергија и трансформирање на  Македонија, во состојба на тотална зависност од руската политика, пишува уште во тајните податоци  и извештај. Руските разузнавачи имаат за цел да ја следат политичката ситуација и состојбата на безбедноста, но и имплементација во државните институции …

Со оглед руската стратегија на Балканот за воена неутралност на првенствено православните држави, посебен интерес за нив претставува влезот во НАТО. За да се осигура “симпатии” меѓу македонското општество, руските дипломати форсираат “општославјанска политика”, при што постојано тоа го  истакнуваат “традиционалните историски и верски врски и општата култура на македонскиот и рускиот народ”.

За руското-религиозно влијание во Македонија постојано се нагласува и словенскиот идентитет и религија.

Руската дипломатија има јасно изразена панславјанска реторика, чија цел е создавање на т.н.. “Православна унија меѓу Грција, Македонија и Србија”, се вели во извештајот, кој е дел од откритијата на “Крик”, содржан речиси  на сто страници.

Во извештајот до Атанасовски детално се анализираат активностите на руските конзули во Битола и Охрид, новинските агенции, научните институти, економските институции за соработка, како и работата на одредени невладини организации.

Според македонското контраразузнавање Москва користи искусни дипломати и разузнавачи, кои пред да дојдат во земјата биле на работа во некоја од соседните земји и имаат одлични познавања за регионот.

Потсетуваме дека  во посоченото истражување, во  документите детално се опишува и активностите на српските агенти во Република Македонија, а особено на скандалозниот дипломат Горан Живаљевич ,вработен на српските тајни служби БИА,  а присутен во Македнија преку Српската амбасада. Тука е посочен и лидерот на српската партија во Македонија, Иван Стоиљковиќ, како и на пратеникот од партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ Мирослав Лазански, кој како новинар роварел низ Македонија помогнат од еден новнар уредник во  телевизија во Скопје.

Слични содржини