Тевдовски-Мантованели: Македонија гради партнерски однос со Светска банка

од desk2

Денеска министерот за финансии Драган Тевдовски оствари средба со претставници на Светска банка предводени од директорот за Македонија и Косово, Европа и централна Азија, Марко Мантованели, каде беше афирмиран партнерскиот однос на Република Македонија со Светска банка, беше разгледана состојбата на тековните проекти, како и можностите за идна соработка.

Почнувајќи од 1993 година, Светска банка е присутна во Република Македонија преку обезбедување на техничка помош и финансирање на 63 проекти во вредност од над 2 милијарди долари. Моментално, Светска банка учествува во финансирањето на седум проекти кои се во фаза на имплементација, во износ од 331 милион долари.

Соработката на Македонија со Светска банка се одвива во повеќе области како што се транспортна инфраструктура, општински услуги, енергија, социјална политика, образование, иновациска дејност, информациска технологија, како и во областа на туризмот“, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Слични содржини