Турската полиција го фати жив убиецот од клуб “Реина” во Истанбул

од Vladimir Zorba

Масовниот убиец на 39 лица во новогодишната ноќ во истанбулскиот клуб “Реина” е фатен жив синоќа во специјализирана полициска операција, објавија во вонредни емисии турските медиуми. Според државната турска новинска агенција ТРТ операцијата за неговото апсење е спроведена заеднички од полицијата и турските тајни служби МИТ.

Агенција “Доган” објави фотографија на осомничениот, на која тој е во маичка, со раскрварено лице и е држен за врат од полицаец. ТРТ објави дека е уапсен уште еден човек од бишкектско потекло, во чиј стан во Истанбул престојувал осомничениот. Според агенцијата Анадолија во операцијата синоќа има приведени пет лица, од кои три жени.

Терористот со кодирано име Абу Мухамед Хорас – Абдулкадир Машарипов е откриен во подоцнежните вечерни часови во област Есенјурт во Истанбул заедно со 4-годишен син во домот на пријател од Киргистан, објави “Хурријет”, повикувајќи се на телевизијата CNN Turk.

По медицински преглед Машарипов треба да биде транспортиран во Дирекцијата за безбедност. Минатата недела истиот весник обелодени дека атентаторот избегал со младиот син и се крие. Операцијата за потрагата  зафати патишта кон премините на границата со Бугарија. Сопругата на узбекистанскиот државјанин од ујгурски потекло Машарипов беше откриена и таа беше уапсена во куќа во Малтепе на 12 јануари, но потрагата по убиецот продолжи 17 дена. Сопругата и ќерката му на 1,5 година беа ставени под стража. Тогаш стана јасно дека тој и неговиот син успеале да избегаат. Целото семејство пристигнало во турскиот град Коња во почетокот на 2016 година, а во декември минатата година  најмиле сместување во Башакшехир. На 31 декември вечерта Машарипов побарал прошка од својата жена и излегол, го признала таа тоа при сослушувањето. Веднаш по масовната егзекуција во “Реина” станот  била заменет со нов во регионот Зејтинбурну, а тој го зел синот и исчезнал без трага.

Во текот на истрагата стана јасно дека Машарипов е исламски терорист од ДАЕШ. Полицијата тргна на патеката му од неговата  последена адреса во Истанбул и стигна до Измир. Уапсени беа  35 осомничени за соучество во крвавиот атентат. Во операцијата од ноќеска уапсените се 5, а 3 од нив се жени, соопшти “ХаберТурк”.

Продолжува потрагата на останатите “Заспаната ќелии” при паралелни операции во различни области, соопштија од полицијата. Претресено е е живеалиштето на киргиски државјанин во Истанбул, каде Машарипов се сместил пред 3 дена со детето. Агенција “Доган” објави видео со апсењето на џелатот и потсети дека тој уби 39 славенци во новогодишната ноќ. Дваесет и пет од жртвите се странски државјани. Повредени беа над 70души. ДАЕШ ја презеде одговорноста за крвававиот напад

На адреса во Истанбул биле откриени 150 000 долари, кои според властите била “платата” за напаѓачот.

Слични содржини