Турскиот Парламент ги усвои клучните амандмани од уставните реформи

од Vladimir Zorba

 

Турското Големо народно собрание во текот на минатата ноќ ги оодбри клучните амандмани на Уставот, со кои на претседателот на државата му се овозможува да владее по пат на декрети и да биде член на политичка партија. 

Со ова, како што оценуваат аналитчарите во Анкара, Турција направи чекор напред кон замена на сегашниот парламентарен со претседателски систем, со што и правно ќе биде регулирана зајакнатата извршна власт на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Благодарение на поддршката на десничарската Партија на националистичката акција (МХП), владејачката исламистичко-конзервативна Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган успеа да обебзеди мнозинство во Парламентот за усвојување на уставните реформи.

Амандманите кои беа усвоени минатата ноќ ја регулираат контролната улога на Парламентот врз извршната власт, дозволуваат шефот на државата да биде член на политичка партија и да извршува функции во неа и ги утврдуваат зголемните извршни надлежносити на шефот на државата, вклучително и неговото право да управува по пат на декрети.

Целиот пакет уставни реформи се состои од 18 амандмани, кои по пооделното одобрување, треба да бидат изгласани од страна на Парламентот и во целина, по што за промените треба да се изјаснат и граѓаните на референдум

Слични содржини