Туск се сретна со Ципрас

од Vladimir Zorba

 

Треба да донесеме важни одлуки во Европската унија, со цел да ја оставиме кризата зад нас, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас на денешната средба во Атина со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

– Сите земји-членки треба да ги преземат своите одговорности со цел Европа да се задржи обединета и безбедна, нагласи Ципрас.

Туск, од своја страна, изрази оптимизам околу склучувањето на вториот преглед на финансиската програма за Грција.

– Денеска сум повеќе оптимист од вчера…Благодарение на покажаната упорност и реализам, многу сме блиску до завршување на вториот преглед, изјави тој.

Туск, сепак додаде дека „се уште се далеку разговорите за успешна приказна во грчката економија“.

Претседателот на Европскиот совет претходно се сретна и со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос

Слични содржини