Уште четири лица примени на Инфективна клиника за труење со храна

од desk2

Уште четири лица се примени на клиниката за Инфективни болести со симптоми на труње од храна.

Лекарите потврдуваат дека и тие јаделе во скопската сендвичара во Лептокарија – Седмица.

Петтемина пациенти кои вчера беа хоспитализирани на клиниката се во стабилна здравствена состојба, надвор од животна опасност.

На клиниката биле примени со повраќање, висока температура, дијареа и дехидрирани. Повеќето од нив се млади лица кои консумирале сендвичи со плескавици и пилешко со кечап и мајонез. Од Министерството за здравство информираа дека надлежните извршиле инспекција на сендвичарата и наложено е да се изврши вонредна дезинфекција и дератизација како и хигиенски преглед на вработените.

Слични содржини