(ВИДЕО) Директор на прилепска гимназија ги терал учениците на протести

од desk2

Не ја злоупотребив функцијата директор и не вршев притисок врз учениците да излезат на протести, туку само разговарав со нив, вели дирекотор на прилепската Гимназија „Мирче Ацев“, Кире Николоски, откако денеска на социјалните мрежи се појави видео во кое тој со свој пример ги тера учениците на протести, информира Телма.

-Видеото што се појави беше еден разговор со учениците на кој од моја страна се укажа дека не е добро да се уништуваат македонските национални интереси, не е добро да се прифаќа плaтформа донесена во Тирана чија што цел е подлеба на Македонија и спроведување на идејата за Голема Албанија и дека не е добро од одредени политичаи да се прифаќа таква платформа, вели Кире Николоски, директор на Гимназијата„ Мирче Ацев“ во Прилеп

Николоски ја потврдува автентичноста на снимката и вели дека разговорот го водел со група од дваесетина ученици кои не отишле на протестите откако повеќето заминале на протест организирана од граѓанската иницијатва„ За зедничка Македонија“. Учениците кои и го снимиле професорот му велат дека не е во ред на училиште да им држи политички говори.

За професорот политичкиот говор што го одржал пред учениците не е проблематичен. Тој смета дека нему тоа му е дел од работата.

Целиот текст може да го прочитате тука

Слични содржини