(ВИДЕО+ФОТО) Најголемите модели на 90-тите години повторно на подиумот во Милано

од Vladimir Zorba

На 15 јули 1997 Џани Версаче беше убиен на скалите на својот дом во Мајами од серискиот убиец Андреј Кунанан. Оваа година се навршуваат 20 години од смртта на дизајнерот, затоа неговата сестра Донатела Версаче ја посвети церемонијата на модната марка во текот на Неделата на модата во Милано токму на него.

“Тој се радуваше на секој ден од својот живот, се однесуваше со насмевка кон сè. Живееше неверојатен живот. Тој создаде неверојатни модели и ни остави стандард во модата, кој да го следиме и денес”, коментира Донатела Версаче.
Џани Версаче ги собра на едно место најголемите модели на 90-тите години, па затоа и церемонија во Милано беше затворена од Карла Бруни, Клаудија шифра, Наоми Кембел, Синди Крафорд и Хелена Кристенсен.

Слични содржини