(ВИДЕО) Снимале диви животни, а им излегол гол Чех кој земал LSD и се помислил дека е тигар…

од desk3

1480935156-vvvvvvv

Камера, која фотографирала диви животни во чешка шума, сними необична глетка. Маж на LSD, кој се мисли за тигар. Марек Х. ја земал дрогата во обид да се справи со депресијата, но потоа некако стигнал до шумата, трчал како тигар, за каков се мислел во моментот.

21-годишниот Марек признал пред полицијата за дрогата и за тоа како се претворил во сибирски тигар. Според него почувствувал внатрешно будење и сфатил дека секогаш бил поврзан со животните.

https://youtu.be/bZWt1sI8fYY

Кога ја земал дрогата, Марек намирисал трага и тргнал по неа. 8 часа подоцна тој изминал 25 км. и се најдол на границата со Полска. Бидејќи не носел во себе никакви дрога (а и ништо општо) бил само казнет и пуштен да си оди.

Слични содржини