Владата стигна и на струмички карневал

од Vladimir Zorba

Добар дел од министрите и владините функциониери седнаа околу премиеорт на струмичкиот карневал. Во карневалската ложа многу владини министри и  функционери .

Заев присуствуваше и на приемот за карневалските групи и гости што го приредија градоначалникот на Струмица и Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал.


Претседателот на Федерацијата на европските карневалски градови, Фердинанд Ван дер Крон на почетокот на карневалот му врачи и медал за неговиот огромен придонес во развојот на Струмичкиот карневал.

НО и покрај владината свита сепак кралот на карневалот беше главниот лик на Струмица и тој го означи почетокот :

„Време е! Нека почне струмичкиот карневал“, објави кралот и карневалот тргна.

Почна да тече непрегледната колона од маски и костуми, кои под светлината на прекрасниот огномет уште еднаш потврдија дека вековната традиција на волбшеството под маски на градот под Царевите Кули од година во година ги поместува границите на креациите на учесниците.

Кралската свита, во која беа принцот и принцезата Натка и Орце Спасови, придружувани од Струмичките мажуретки и Блек оркестарот на Струмица, кои со неформалната химна на градот „Под кулите на Струмица“, го значија почетокот на уште еден голем струмички карневал.

Синоќа  низ улиците на Струмица ќе поминаат 41 маски во разични категории, со околу 2.000 учесници.

Нивните креации ги оценува жири комисија, која треба до донесе одлука кому ќе му припаднат паричните награди во повеќе категории.

По завршувањето на Интернационалната карневалска вечер забавата продолжува на Плоштадот „Гоце Делчев“ со „Ноќ на Аруба“, на која ќе настапат членовите на карневалската група од овој холандски остров, кои ќе ги забавуваат посетителите до доцна во ноќта

Карневалските празнувања во Струмица продолжуваат и денеска.

Слични содржини