И Шилегов и СДСМ, ниту ги прочитале, ниту ги разбираат препораките од Прибе, ниту пак во своето дејствување воопшто водат сметка за европската перспектива на Република Македонија, реагираат од владејачката партија ВМРО – ДПМНЕ .

VMRO

“И Шилегов и СДСМ се што сакаат да постигнат е да направат хаос во државата, зошто само така се надеваат дека можат да се приграбат до функции и до власт, без поддршка од граѓаните, со една единствена цел да ги злоупотребуваат онака како што тоа го правеле додека биле на власт.

Ако ништо не зависи од Груевски, што се замараат тогаш и зошто вака панично реагираат?

Очигледно се нервираат што Република Македонија спроведува препораки од ЕУ и што процесите одат напред, а тие се на страна и се занимаваат само со деструкција.

Во препораките од Прибе јасно и недвосмислено стои препорака до Собранието на Република Македонија да ги направи функционални Комисиите и да го пополни нивниот состав, без разлика на тоа дека една пратеничка група се одлучила да бојкотира. Одлуката на СДСМ да не учевствува во Собранието не може и не смее да значи дека Собранието не смее да функционира.

Сите пратеници имаат полно право да учевствуваат во неговата работа, а ако не го прават тоа, како што е случајот со СДСМ, тогаш свесно нанесуваат штета и на Собранието на Република Македонија и на сите институции во државата, а за жал и на меѓународниот углед на државата.

Шилегов треба да престане да се замислува дека Македонија постои заради неговата волја и волјата на неговиот претседател Зоран Заев. Институциите на Република Македонија фунционираат и ќе функционираат во насока на исполнување на европските стандарди. Ако тоа им смета на СДСМ, тогаш очигледно си имаат проблем сами со себе” пишува во соопштението на владејачката партија.

Слични содржини