Временска прогноза: Сончево со мала облачност.

од Vladimir Zorba

4-328

– Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува претежно слаб југоисточен ветер. По одделни котлини и по речните долини ќе има магла.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од девет до 16 степени.

Во Скопје сончево со утринска магла.

Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

До петок ќе продолжи периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност и со магла или намалена видливост по котлините. За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а условите за магла ќе се намалат.

Слични содржини