Јанчева: Скопје е во тотален колапс поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри

од Vladimir Zorba

„Цела недела Град Скопје е во тотален колапс поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кадри во градската власт“, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Град Скопје.

„Цела недела приватните автобуски превозници не возат и блокираат важни сообраќајници поради тоа што Град Скопје и градоначалничката Арсовска не им ги исплаќаат долговите.

Јавниот превоз крахира, ЈСП нема доволно капацитети да ги опслужува сите линии комплетно, па скопјани со часови чекаат автобус на постојките и се возат во преполни автобуси,

Во исто време, ЈСП кое тоне во долгови, случува договор за набавка на дизел гориво по цена од 118 денари за литар дизел, во период кога ова гориво чини 86,5 денари за литар.

Катастрофална е ситуацијата и во други градски јавни претпријатија како „Дрисла“ и „Водовод и канализација“, додава таа.

Слични содржини