🎥Лава проголта град во Исланд – горaт куќи, луѓе се евакуираат

од Vladimir Zorba

Состојбата по ерупцијата на Исланд е ДРАМАТИЧНА. Во близина на градот Гриндавик се отвори нова пукнатина. Должината на пукнатината е најмалку 150 метри.

Лавата тече кон населбата и ги проголта првите куќи. Најмалку две куќи горат, јавуваат исландските медиуми.

Вработените во итната помош испратија порака до луѓето да не се приближуваат до Гриндавик. Градот е блокиран и има бројни служби за итни случаи и спасување.

Слични содржини