📸 Детали од грозоморното убиство во Франција: Ова е монструмот кој ги уби сопругата и четирите деца

од Stefanija Kuzmanovska

Во шокантното злосторство кое го потресе малото гратче Мо, Франција, Ноа Б (33) е уапсен како осомничен за бруталното убиство на својата сопруга и четирите деца, чии животи биле окончани на брутален начин.

По интензивна потрага која траела од понеделникот вечерта, осомничениот бил пронајден во куќата на неговиот татко во соседниот град Севран. Мајка и четири деца, на возраст од девет месеци до 10 години, беа пронајдени мртви во нивниот дом во Мо.

Деталите за овој ужасен настан беа изнесени на прес-конференција, каде што јавниот обвинител од Мо ги откри грозоморните детали.

Според обвинителот, мајката и двете најстари ќерки биле жртви на „многу голем број убоди“ по целото тело. Во различни простории од станот се откриени четири тела, а локви крв сведочат за „крајно насилно место на злосторството“.

Останатите жртви, момче (4) и деветмесечно бебе, немале видливи повреди по телото.

Обвинителот рече дека има траги на „гушење или можно давење“. Обдукцијата ќе биде извршена утре.

Истрагата во семејниот стан откри „примени документи кои укажуваат на можна психијатриска хоспитализација на таткото на семејството во 2017 година“, како и рецепти за седативи.

Овие наоди фрлаат светлина врз неговото бурно минато, бидејќи медиумите открија дека тој веќе бил вклучен во насилство со нож врз неговата сопруга во 2019 година. Случајот тогаш беше прекинат поради неговата психичка состојба, со тврдења дека нападот бил извршен во состојба на лудило.

Аутопсиите ќе бидат извршени утре додека градот Мо се обидува да го разбере и процесира овој грозоморен чин на семејно насилство што ја остави заедницата во шок и тага, пишува „Телеграф“.

Слични содржини