📸 Крвав напад во Германија: Маж избодел две деца со нож во близина на училиште

од Stefanija Kuzmanovska

Во германскиот град Дуизбург две деца биле избодени со нож во напад кој се случил во близина на локално училиште.

Полицијата во Дуизбург уапси 21-годишен маж осомничен за нападот.

Германската телевизија јавува дека не е познат мотивот за нападот кој се случил во градот во покраината Северна Рајна Вестфалија.

Се зборува дека сè се случило околу пладне во делот од градот наречен Марксло.

Ранетите деца успеале да побегнат во блиско училиште.

Се наведува дека во меѓувреме се префрлени во болница, а полицијата соопшти дека нема опасност за населението.

Областа каде се случил нападот е опколена, а истрагата е во тек.

Слични содржини