📸 Широка насмевка: Меган Маркл фотографирана за првпат по веста за болеста на кралот Чарлс

од Stefanija Kuzmanovska

Меган Маркл е видена за првпат во јавноста откако принцот Хари замина да го посети својот татко Чарлс, откако беше откриено дека кралот има рак.

Војвотката од Сасекс беше насмеана и видно добро расположена додека возеше покрај нејзиниот дом вреден 14 милиони долари во Монтесито, Калифорнија.

Изгледаше опуштено зад воланот на својот Range Rover, криејќи го лицето со големи очила за сонце и капа.

Тоа беше првпат Меган Маркл да биде фотографирана откако принцот Хари одлета во Лондон да го посети својот болен татко.

Слични содржини