Македонија пред историски исчекор

од Vlatko K

На 19 октомври Македонија се соочи  со судбоносниот избор – гласањето на пратениците за уставните измени во парламентот.Парламентарците  избројаа 80 за. Мицковски го доби првиот удар од своите од  ВМРО ДПМНЕ. Македонија го направи првиот цврст и вистински чекор  кон ЕУ и НАТО.

УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ  се обврска  од спроведувањето на Преспанскиот договор кој пак се однесува на решение на деценискиот спор  меѓу Македонија и Грција, за решавање на спорот околу името .

 Уставни промени

Предлогот за измена на Уставот вклучува неколку клучни точки и неколку фази.  Владата предлага додавање на  придавката  Северна во името на Република Македонија, а тоа треба да се направи  и низ текстот на уставот на земјата пред зборот Македонија. Измените на преамбулата на Уставот се предлагаат да се усогласат со договорот со Грција и да се изменат  два члена. Владата предлага амандмани за построга гранична гаранција во член 3 од Уставот, која веќе е изменета во 1992 година. “Со новиот договор  ќе се декларира почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави и со тоа ќе се прецизира цврста гаранција за трајноста на границите и дека Република Македонија нема територијални претензии.Ова ќе значи заштита на територијалниот интегритет на Република Македонија и соседните земји “, рече портпаролот на владата Миле Бошњаковски.

Владата, исто така, предлага амандман на членот 49 од Уставот за грижа за Македонците и дијаспорите во странство, кој исто така беше изменет во 1992 година. “Со промена во Уставот сега ќе се декларираат грижи за културните, економските и социјалните права на припадниците на македонскиот народ и сите наши граѓани во странство, без тоа да значи мешање во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи во било каква форма и поради од која било причина “, посочи тој.

Двотретинско мнозинство во парламентот или 80 пратеници во парламентот од 120 места треба да ги потврдат  уставните измени, во ттри фази. Првата помина. Владејачкото мнозинство на премиерот Зоран Заев има 72 пратеници. За да ги прифатат промените за нив, пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, исто така, ќе мора да гласаат. Нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски, сé уште  се инаети и својата политичка опстојба ја гледа во поентата дека неговата партија не треба да гласа за овие промени. Неговите политики  повикаа на бојкот на референдумот што го доближува исклучиво до продолжение на политиката на Никола Груевски.Тој експресно ги исклучи осумината пратеници од ВМРО ДПМНЕ кои го изгласаа стартот на  уставните измени во петокот во парламентот.

Премиерот Зоран Заев истакна дека сега најголема одговорност за иднината на земјата е во рацете на законодавците. Тој претходно ги повика сите да гласаат по својизбор, особено оние кои се колебаат и мислат како да гласаат.

“Погледнете во иднината – иднината на вашите деца”, рече премиерот, додавајќи дека волјата на граѓаните е државата да продолжи да расте. Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз / СДСМ / и премиер на Република Македонија, Зоран Заев на неколку пати изјави дека ако не дојде до прифаќање на промените во земјата ќе бидат организирани предвремени парламентарни избори. Според него неусвојувањето на одлука за промени во Уставот ќе фрли Македонија во изолација и ќе останат  политичките трауми кои земјата ги преживеала во последните 27 години и особено во последните неколку години.

“Гласот за европската иднина на Македонија ќе ја води земјата до полноправно членство во НАТО и во ЕУ”, рече Заев. Тој повика на завршување на поделбата по партиска линија и помирување на настаните од 27 април 2017 година, кога во скопскиот парламент се случија  крвавите судири. Тогаш толпата чија организација е предмет на судска постапка, а се насочува кон Груевски и бившото раководство на ВМРО ДПМНЕ, кога со заведени   противници на СДСМ го нападна парламентот.

Сликата на Заев со крваво лице посотојано   го потсетува светот, каде води приказната на Никола Груевски и неговите следбеници. ДАли тоа е насоката и на Христијан Мицковски останува да се види.

– Преспа-

Ден пред почетокот на дебатата во парламентот во Скопје високиот претставник на Европската унија за прашањата за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини предупреди дека “Договорот од Преспа е единствена можност за помирување и затворање на 20-годишниот спор меѓу Скопје и Атина”.

“Оваа можност никогаш не може да се повтори повторно”. Договорот за името беше потпишан на 17 јуни од министрите за надворешни работи на двете земји – Никола Димитров и Никос Кодијас.

“Ова е конечниот Договор за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратешко партнерство. Тој ја гарантира македонската иднина,го  брани македонскиот идентитет, јазик, грб, химна и знаме. Договорот овозможува започнување на преговори со ЕУ, гарантира и пријателството и соработката меѓу Македонија и Грција “, пишува Заев, и наведува дека тој е во согласност со резолуциите на Советот за безбедност на ОН 817 и 845 од 1993 година.

Првиот дел од Договорот се однесува на решавање на разликите околу името и добрососедските односи.

Вториот дел се однесува на зголемувањето на соработката меѓу Грција и Македонија, дипломатските односи, партнерството во меѓународни и регионални организации, економската соработка, како и во областа на образованието, науката, здравството и полицијата и одбраната.

Третиот дел од Договорот се однесува како да ги решат споровите.

 Менување на  референцата и интеграција 

Во Македонија на 30-ти септември беше одржан референдум за промена на името и за започнување на преговори за членство во ЕУ и НАТО. Гласањето опфати 666.000 граѓани. Речиси 92 отсто од нив го поддржаа договорот. Одѕивот изнесуваше 37 отсто. Во просек во Македонија  не излегуваат повеќе од 50 проценти на сите гласасња, поради што ова власта го смета за успех, а на опозицијата и ги брои остаокот на негативни гласови. Груевистиет на Мицковски пак се возат со целата бројка на апстинети и тие кои не излегуваат на избори  дека сите тие се на нивна страна од целиот непречистен избирачки список од 1,8 милиони гласачи.

 Р′вање со опозицијата 

За да влезе на сила Преспанскиот договор, тој мора да биде одобрен од парламентите на двете земји. Најголемото противење на уставните измени беше  од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот водач, Христијан Мицкоски.

Членовите на ЕПП предупредија дека ВМРО-ДПМНЕ може да биде исклучена од своето европско семејство ако продолжи со деконструктивно упатување кон Преспанскиот договор. Европската народна партија, најголемата и највлијателната политичка група во Европската унија, во лицето на својот претседател Жозеф Дол, предупреди дека ако ВМРО-ДПМНЕ не дозволи демократски дебата за усвојување на Преспанското договор, партијата “ќе мора целосно да ја преземе одговорноста за сите последици со кои ќе се соочи земјата “. Лидерот на ЕПП  го информирал Мицковски дека една од можните последици, со кои ќе се соочи ВМРО-ДПМНЕ, е исклучување од редовите на нивното европско семејство. Такви пораки за изолација Мицковски доби од целата меѓународна заедница. Американските пораки беа најдиректни и најпредупредувачки.

Помошник-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Вес Мичел му  испрати писмо на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во кое го информира дека САД се разочарани од позициите на лидерите на оваа партија, вклучувајќи и лично од него.

Нема да Ве изненади што ние сме разочарани од позициите на челниците на ВМРО-ДПМНЕ како во однос на референдумот, така и во врска со чекорите во Собранието за промена на Уставот. Уште од осамостојувањето на Македонија, граѓаните од сите заедници и партии, вклучувајќи ја и Вашата, силно го поддржуваат пристапувањето на земјата кон НАТО и кон ЕУ. Сега Собранието е на ред да го преземе следниот, одлучувачки чекор. Ве поттикнуваме да создадете простор, во јавноста и приватно, за пратениците од Вашата коалиција да одлучат како ќе гласаат за уставните промени, ослободени од закани од насилство, одмазда, или друг облик на принуда.

Ова е историски важен момент за Вашата земја, момент што бара храбро лидерство и зрелост. Како вистински пријател и поддржувач на Македонија, Ве поттикнуваме да ги тргнете настрана партиските интереси со цел унапредување на заедничките стратешки интереси и обезбедување на посветла иднина за вашите граѓани во европското семејство на народи“, стои во писмото на Мичел до Мицкоски.

  Поддршка од САД за уставните амандмани  

Комисијата за демократско партнерство на Претставничкиот дом на Конгресот на САД во писмо упатено до премиерот Зоран Заев упати охрабрување за пристапување кон уставни измени, кои се потребни за спроведување на Договорот од Преспа, покрај предизвиците по референдумот, меѓу кои и отворените и скриени руски напори да го поткопаат договорот. Писмото е потпишано од Питер Роскам, претседател на Републиканската партија, и Дејвид Прајс, заменик-претседател на Демократската партија, а е испратено од името на 20 конгресмени републиканци и демократи.

 Грција во спорот околу името 

Во средата грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, поднесе оставка. Главната причина за ова е неговиот судир со Панос Каменос, коалициски партнер и лидер на “Независни Грци”. Според грчките медиуми, скандалот бил  поттикнат од ставот на Каменос за Преспанскиот договор.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас рече дека нема отспати и тој линоја   зема и позицијата прв човек на МНР. Потоа тој увери дека е “решен” да го одржи одиуот  извонредниот договор со соседна Македонија и покрај оставката на својот министер за надворешни работи.

Ципрас – Коѕијас: Ден на радост по вчерашното гласање во соседната земја

 

“Одлучив во следниот период лично да го преземам Министерството за надворешни работи и нејзината одговорност. Во исто време испраќајќи порака дека овој мој избор е избор, кој е сигнал за мојата одлучност да направи сè што е во моите раце и да обезбедам успешно завршување на историскиот Договор од Преспа, кој ја подобрува меѓународната улога на земјата “, рече тој. И сменетиот министер Козијас  истакна дека не очекувал дека ќе има  толку среќна оставка откако случна дека помина првата фаза на изгласувањето на уставните промени во македонскиот парламент.И покрај оставката тој останува на уверувањето дека тој е добар договр за иднината на Скопје , Атина и Балканот.

Разговорите со НАТО

Деновие  Македонија ги започна и  дводневните разговори за влез во НАТО. Делегација на Владата на Република Македонија, предводена од вицепремиерот и министер за одбрана, Радмила Шеќеринска, заедно со националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски отворија  сесија со помошник генералниот секретар на НАТО, амбасадорот Алесандро Алваргонзалес и со екипата на НАТО за преговори со Македонија. Два дена Македонија заедно со тимовите на НАТО  преговара за пет поглавја од условите за пристапување во Алијансата. Овие преговори се однесуваат и на политичките критериуми и на воените и финансиските.

Стејт департментот ја поздрави одлуката за уставни измени на македонскиот Парламент

Во врска со почетокот на преговорите, НАТО даде изјава: “Преговорите опфаќаат безбедносни, одбранбени, политички, правни и финансиски прашања, како и целите и времето што треба да ги исполни Скопје за време и по пристапувањето. Ова е продолжение на процесот на пристапување кој започна во јули на покана на сојузниците на Самитот во Брисел. Скопје има историска можност да го примени договорот за името и да ја доведе земјата во евро-атлантското семејство. Ова ќе помогне да се зајакне мирот и стабилноста во Западен Балкан “. Македонија ќе придонесе 0.0721% во буџетот на НАТО, рече Стево Пендаровски.

Реакции на дел од странски медиуми по усвојувањето уставни измени во Парламентот на Македонија

Формулата се заснова на брзи пресметки на Светската банка, поврзани со големината на државата и нејзиниот БДП, порача Пендаровски.

По првото изгласување  на уставни измени

Од изгласувањето на Предлогот за пристапување кон уставни измени со 80 гласови „за“ и 39 „против“ започнаа да течат и петнаесетте дена за доставување на нацрт-амандманите во Собранието од страна на Владата, која е предлагач на измените на Уставот во согласност со Договорот од Преспа. Со гласањето заврши првата фаза од измените на Уставот.

Во Собранието на Република Македонија се очекува од утре да почне постапка за формирање тело за помирување, едно од четирите барања што пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставни измени го доставија до Парламентот. Од петокот пред полноќ течат и петнаесетте дена, колку што има Владата рок да достави нацрт-амандмани на Уставот до Собранието.

Костадин Костадинов од СДСМ вчера во изјава за медимите оцени дека Собранието со изгласувањето на потребата за уставни измени донело историска одлука и оти Македонија избрала светла иднина наместо изолација. Пратениците, сите 80, слободно и по сопствено убедување и низ демократска постапка, како што кажа, гласаа за иднина во ЕУ и НАТО.

Во втората треба да се утврдат нацрт-амандманите и за тоа е неопходно просто мнозинство или 61 глас во Собранието. Третата и последна фаза е усвојување на амандманите за што е потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници.

Собранискиот Деловник предвидува од моментот на доставување на нацрт-амандманите во Собранието (втора фаза) до одржување на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.

Претресот за секој нацрт-амандман поединечно може да трае најмногу по три дена и во Комисијата и на пленарната седница, но може да биде завршено и побрзо од максималните рокови.

Собранието со најмалку 61 глас треба да ги утврди нацрт-амандманите, по што тие одат на јавна расправа, чие времетраење го утврдува Парламентот.

По оваа меѓуфаза, Владата треба да ги изготви предлог-амандманите и да ги достави до Собранието. Од моментот на доставување на предлог-амандманите во Собранието до одржувањето на пленарната седница за нивно усвојување мора да поминат најмалку 30 дена.

Предлог амандманите треба да бидат разгледани од  Законодавно-правната и Комисијата за уставни прашања, а на крај и на пленарна седница.

Конечната одлука за усвојување на амандманите се носи со двотретинско мнозинство или најмалку 80 гласа. За амандманот на Преамбулата на Уставот освен двотретинско, е потребно и Бадентерово мнозинство.

Кога ќе биде закажана собраниската седница по предлогот за измена на Уставот, одлучува претседателот на Собранието.

Слични содржини