Казахстанскиот претседател му откри на Путин важна вест за Донбас

од Vladimir Zorba

20151229.hsihvwfydw

 

Врховната Рада му прави сопка на Порошенко за да не се прифати законот за специјалниот статус на регионот, категоричен е Назарбаев.

Украинската Рада не му дозволува на претседателот Петро Порошенко да се прифати законот за специјален статус на Донбас, рече претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев на денешната средба со рускиот колега Владимир Путин во Сочи, пренесе ТАСС.

“Неодамна Порошенко ми кажа дека не располага со мнозинство во Рада, поради што не може да го прифати (законот за) статусот на Донбас и на другиот регион (Луганск)”, му рече Назарбаев на Путин.

Казахстанскиот лидер сепак изрази оптимизам поради вештината на Порошенко да наоѓа компромиси. Според него сите прашања околу реализација на Минскиот договор за прекин на воениот конфликт во Југоисточна Украина се решиви.

На почетокот на јули Порошенко го замоли казахстанскиот претседател да посредува за решавање на кризата во југоисточна Украина, потсетува ТАСС. Пресслужбата на Назарбаев соопшти за телефонскиот повик на Порошенко, но пресслужбата на украинскиот претседател, макар што соопшти за разговорот, не спомена за оваа апликација на украинскиот претседател.

Обезбедување на посебен статус на Доњецкаи Луганската област е едно од основните барања запишани во мировниот договор од Минск. Планот од Минск сепак и досега останува нереализиран по ниту една од точките за политичкото решавање. Двете завојувани страни систематски го нарушуваат примирјето.

Слични содржини