131
Мртов маж вчера бил пронајден во водите на реката Вардар. Полциијата соопшти дека во 11,45 часот во текот на вчерашниот ден во водите на Вардар, во Лисиче, бил пронајден машки леш.
Лешот од водите во Долно Лисиче бил изваден со специјално возило.
Идентитетот не е утврден, а со наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција. Таа ќе покаже детали за смртта.