Братот на Ким Јонг Ун ликвидиран за 90 долари

од desk2

Мислела дека учествува во реално шоу, сметала дека во крпата, што ја доближила до лицето на Ким Џонг-нам, имало бебешко масло


Уште откритија за мистериозното убиство на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун излегоа на виделина. На извршителката на злосторството и било кажано дека учествува во безопасно реално шоу. Ким Џонг-нам почина во Малезија, откако на аеродромот во главниот град Куала Лумпур беше отруен со силно токсичниот нервен гаси “Ве екс”.
Жената која се гледа на безбедносните камери како му става крпа на неговото лице и потоа бега, е индонезијка.

Жената раскажала дека еден човек и платил 90 долари за да учествува во реално шоу и да му стави крпа со бебешто масло на лицето.Таа е уапсена, но полицијата продолжува да трага по организаторите на убиството.

За случајот во притвор е и виетнамска државјанка.

Аеродромот во Куала Лумпур ќе биде главно исчистено, соопштија малезиски претставници. Целта е да исчезнат сите можни траги од отровни материи “Ве екс” – уште поопасна варијанта на смртоносниот гас.

ОН овој нервен агенс како оружје го смета за масовно уништување.

Специјални тимови треба да се уверат дека на аеродромот не останале никакви траги од овој убиствен, но безбоен и високотоксичен отров без мирис и боја.

Слични содржини