АНАЛИЗА: Бројките за економијата го стопија оптимизмот!

од Vladimir Zorba

 

 

Незвесноста, надополнета со “напумпаниот“ оптимизам, го зеде својот данок во економијата. Раст на Бруто домашниот производ од 2,4 отсто во 2016 година, што претставува забавување во однос на 2015, кога изнесуваше 3,8%, , пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Според дел од економистите вакви бројки се очекувани во година која мина во знакот на неизвесност, но во исто време, она што загрижува е дека во 2016 задолженоста го достигна највисокото ниво.

Неизвесноста се прелеа и во 2017 …

Извозот се зголемил за 11,5% а увозот за 7,6%. Во 2016 година, раст има и на финалната потрошувачка за 3,7%, но на годишно ниво Бруто-инвестициите се намалија за 4,7 отсто. Сумирано, според последните објавени податоци на Заводот за статистика, ланската година заврши со раст од 2,4 проценти. Според дел од економистите, овие показатели се очекувани со оглед на неизвесноста од политичката криза, кој предизвика воздржаност и кај странските и кај домашните инвеститори.

“Очигледно е дека незвесноста веќе се прелеа и во оваа 2017 година. Владата проектираше раст што ќе се движи околу 3 отсто, но овие стапки не значат многу за нашата економија. Значајно е како да се обезедат одржливи стпаки на раст кои нема да се потпираат само на еден сектор. Ако зборуваме за моделот на странски инвестции, кој беше промовиран како носечки за економијата, тогаш клучно прашање е колку тие странски инвестиции создаваат нова вредност и какво е нивното влијание во реалната економија“ – вели за академиk Абдулменаф Беџети.

Според новите показатели, лани во апсолутна бројка, БДП спорде расходен метод по тековни цени изнесувал 9,8 милијарди евра или 4 768 евра по глава на жител. Но дел од економистите веќе подолго време дебатираат колку од граѓаните реално располгааат со овие пари.

“БДП по глава на жител ја преценува економската моќ на населението. БДП по жител е околу 370 евра месечно, што значи 1500 евра месечно за четиричлено семејство. Колку семејства кај нас имаат месечни примања од 1500 евра? БДП во себе ги вклучува и профитите на фирмите, и амортизацијата која тие ја плаќаат за своите инвестиции, и услугите кои државата им ги обезбедува на граѓаните без тие да плаќаат за нив од џеб (безбедност, здравство, образование. Затоа, постои голема разлика помеѓу БДП и расположливиот доход на населението (т.е. доходот кој што луѓето всушност го добиваат на рака). Расположливиот доход е многу помал, околу 50-60% од БДП, т.е. околу 2500 евра по жител“ – оцени неодамна економистот Бранимир Јовановиќ.

 

Инаку, највисоката стапка на економски раст беше измерена во 2007 година од 6,5%. Тоа е практично и највисокото ниво на измерен економски раст од 1993 та година. Според податоците на надлежните институции, земјава во целиот овој период не успеа да испорача континуирани и одржливи стапки на раст. Имено, во овие  24 години, дури  шест години се во знакот на криза, со негативна стапка на раст

Според прогнозите на Народната банка, годинава се очекува стапка на раст поголема од 3 отсто.

“Генерално, се оценува дека во текот на 2016 година економијата продолжила да расте, а стапката на раст е блиска до очекуваниот раст од 2,3% во согласност со октомвриската проекција. Проектираниот раст на БДП за 2017 и 2018 година изнесува 3,5% и 3,7%, соодветно, при што се очекува дека главни носители на растот ќе претставуваат извозниот сектор и инвестициите, а позитивни преносни ефекти ќе се почувствуваат и врз пазарот на труд и потрошувачката на домаќинствата. – велат од Народната банка но притоа нотирајќи ги и ризиците:

“Ризиците околу остварувањето на ваквото макроекономско сценарио не се позначително променети во однос на октомвриските проекции и главно се поврзани со неизвесното домашно окружување, во услови на сѐ уште нерешена политичка криза, а неповолни се и ризиците од надворешното опкружување“ – се наведува во новиот извештај на НБМ.

Во четвртото тримесечје од 2016, најголем пораст е забележан во секторите: градежништво од 28,5%, потоа во стручни, научни и технички дејности како и административни и помошни услужни дејности од 9,8% и секторот  земјоделство, шумарство и рибарство од 1,8%.ж

Според аналитичарот Зоран Витанов, Македонија во последните осум, девет години двојно го зголеми буџетот, а просечната стапка на раст се движи околу 3 отсто.

“Ние во изминатите години креираме гломазни буџети кои не се проследени со соодватена стапка на економски раст. Исто се случува и со годинашниот Буџет. На македонската економија реално и е потребна стапка на раст од 12% во период од 10 години за да може да издржи еден ваков гломазен Буџет без задолжуавња. Објаснето на едноставен начин, ако сега трошам 1000 евра а догдоина планирам да потрошам 2 000 евра, но платата ќе ми порасне само 4%, од каде ќе ги обезбедам кусокот на пари, освен преку кредит. Тоа сега и се случува на економијата“ – вели за економистот Витанов.

Годинава, двоецот ДУИ-Вмро-Дпмне веќе го троши досега најгломазниот Буџет од 3,3 милијарди евра со прокетиран раст од 3 отсто

Анета Додевска /Portalb

Слични содржини