Маркл: Не може да ме спречат да го користам зборот „кралски“

од Vladimir Zorba

Меган Маркл (38) им кажала на своите пријатели дека на неа и принцот Хари (35) не може „законски да им се спречи“ да го користат зборот „кралски“ како дел од нивните работни активности, иако кралицата Елизабета Втора тоа го забрани, пишува „Дејли Мејл“.

Маркл се пожалила на најблискиот круг на пријатели дека користењето на името „воопшто не треба да претставува проблем“. „Не е како да продаваме маици и пенкала“, рекла Маркл.

„Меган изјави дека има многу драма во нејзиниот живот и дека нема време за критичари и оние кои ќе и’ кажат и на нејзиниот сопруг што не треба да прават“, рекол пријател на Меган за „Дејли Мејл“, кој бил запознаен со ситуацијата.

Потсетуваме, кралицата Елизабета Втора. и високи британски официјални претставници се договорија во вторникот дека не е соодветно парот да продолжи да го користи зборот „кралски“ во нивниот „брендинг“ и да се претставуваат себеси како дел од кралското семејство. Таа одлука доаѓа откако Хари и Меган веќе потрошија десетици илјади фунти на новата веб-страница на „Sussex Royal“ и почнаа да ја креваат на нозе добротворната организација „Sussex Roya“ – Фондацијата на Војводата и Војвотката од Сасекс.

Веста од вторникот Меган не ја примила добро. „Меган изјави дека глобалните проекти за кои таа (и нејзиниот сопруг) работеле зборуваат сами за себе и дека решиле да го користат тоа име за да го заштитат кралското име, а не да заработат пари на него“, рече пријател на Маркл.

„Меган рече дека името на нивниот бренд не спаѓа во иста реченица со добротворната организација што ја градат и позитивното влијание што таа ќе го има врз луѓето и околината“.

Блискиот на Меган, исто така, рече дека таа споделила дека заедно со Хари ќе успеат без оглед дали ќе го употребуваат зборот „кралски“ или не.

„Таа рече дека Хари и Арчи имаат кралска крв во нив, и никој не може да го одземе тоа од нив. Меган додаде дека тие секогаш ќе се сметаат за членови на кралското семејство, без оглед дали го користеле зборот „кралски“ или не. Таа исто така рече дека Хари и тие создаваат подобар свет за Арчи и дека тој ги држи фокусирани“, додаде изворот.

Пријателот на Меган изјави дека Арчи веќе има одличен карактер и дека е сличен во таа смисла со Хари. „Тој е љубопитен и сака да знае сè за сè. Тој има слатка насмевка. Тој е чиста љубов и среќа“, додал тој.

Претставниците на Меган не ја коментирале оваа вест.

Слични содржини