Адеми: Не знаеме каде е Реџепи, не сме имале контакт

од Nikola Popovski

Пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми попладнево пред Собранието изјави дека денешниот тек на настаните значи дека пратениците се за една влада која негува европски и евроатлантски вредности.

-Срцето на Реџепи лежи во Вашингтон и Брисел. Јас сум длабоко уверен дека неговата одлука лежи тука. Не знаеме каде е и немаме никакви информации. Тука сме со пратениците на ДУИ, рече Адеми и додаде воопшто немале контакт со пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи.

На заминување, тој повтори пред новинарите дека „се уште имаат влада“.

Слични содржини