Ахмети и ДУИ вчера не се договoрија-клучот е во претседателот!

од Vladimir Zorba

ДУИ синоќа не донесе одлука со кого ќе коалицира во составување на мнозинство за формирање на нова влада. Лидерот на партијата, Али Ахмети, по завршување на 10-часовниот состанок во Мала Речица, кусо изјави дека сите опции се во игра и состанокот продолжува денеска.

„Нема договор со кого одиме во коалиција, се разгледуваат сите опции за што е можно подобра одлука во корист на Албанците, Македонците, Србите, Ромите, Власите. Се разгледуваат сите опции..“, изјави Ахмети.

 

Kaмерите на ТВ21 го снимија лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во моментот кога го напушташе седиштето на партијата во Мала Речица. Тој на прашањето со кого ќе коалицира ДУИ вели дека нема одговор за тоа, но не даде прецизен одговр ниту на второт прашање каде му се Теута Арифи, Бејта и Меџити.

На коментарот на новинарот дека автомобилот на Невзат Бејта е паркиран пред седиштето на СДСМ  Ахмети одговара: Јас сум претседател и во секое време знам каде кого сум пратил и за што сум го пратил.

Пред еден час  консултации во СДСМ, каде беа сите тројца потпретеседатели и Арифи и Бејта и Меџити, на состанокот во МАла речица се врати само  Изет Меџити , за да соопшти што е договорено.

 

По завршување на средбата на претседателството на ДУИ, изјава даде и портпаролот на партијата, Бујар Османи, кој рече дека состанокот продолжува денеска во 14 часот.

„Состанокот и седницата на претседателството продолжува утре. Се уште не се исцрпени сите аргументи по однос на опциите коишто ги ставено ДУИ на маса. Консултациите продолжуваат, полека сите аргументи се сведуваат на утврдувањето на платформата на ДУИ и условите кои што се поставени, така да ќе очекуваме реакција на политичките партии во однос на тие услови коишто ДУИ ги има поставено“, рече Османи.

. Османи демантира дека има раскол во партијата, туку рече дека има различни аргументи по однос на опциите, и дека  немало тензичност, туку само конструктивна дебата.

Сепак анонимни извори велат дека средбата , особено во пладневниот дел била многу тензична. Се вршело притисок на тие кои не се согласувале  со Ахмети и неговиот предлог ,да си поднесат оставки. Истото се однесувало и за тројцата пратеници кои не прифаќаат коалиција со Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ и за потпретседателите. на партијата.

Била искажана и недоверба кон Ахмети за тоа што им го соопштувал како позиции на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ, и веројатно тоа е причината што тројцата потпретседатели заминале директно и изворно од лидерот Зоран Заев ,да ја слушнат позицијата на СДСМ.Таму Ахмети на таа средба беше сам.

Истиот извор вели дека не е иклучено ДУИ да донесе став кој нема да биде во интерес ниту на СДСМ ниту на ВМРО ДПМНЕ, ,а во таков контекст тоа би значела широка коалиција до новите избори.

Има многу сценарија кои може да се разигруваат но вистинскиот договор граѓаните ќе го имаат преку тоа кој  и со какво мнозинство ќе биде избран за претседател на Собранието на РМ.

Денеска  во 14 часот продолжува централното претседателство на ДУИ .

Слични содржини