Ахмети не се откажува од намерата за коалицирање со Груевски

од Vladimir Zorba

Се чини дека ДУИ подготвува терен за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, информира АлсатМ. Портпаролот Бујар Османи од Вашингтон порача дека при формирањето нова влада треба да се почитува принципот “победник во македонскиот со победник во албанскиот блок”.

Во интервјуто за Гласот на Америка, Османи ги обвини медиумите дека вршат притисок за непочитување на овој принцип.
„Мислам дека тоа што доминира на сцената е почитување на потпишаните договори. Македонија во минатото постоела како таква само почитувајќи ги меѓународните договори. Еден од нив е Мајскиот договор од 2007 година, во кој се вели дека победникот кај албанската заедница го избира партнерот-победник кај македонската заедница. Почитувањето на овој принцип е многу важен – за да се зачува важноста што ја има албанската заедница и за да се зачува логиката која ја имаат изборите кај самите Албанци“. – изјавува Бујар Османи, портпарол на ДУИ

Принципот дека победничките партии од македонскиот и од албанскиот блок формираат влада произлезе од Мајскиот договор од 2007-та што беше постигнат со посредство на меѓународната заедница откако во 2006-та Груевски во влада ја зеде ДПА која имаше помалку гласови акј Албанците од ДУИ: Но, од овој договор од пет точки се почитува само онаа што предвидува кој треба да формира влада, додека другите одредби како решавање на статусот на борците на ОНА и целосно официјализирање на албанскиот јазик се занемарени. Аналитичарите велат дека ако би се почитувал овој договор ќе немало потреба албанските партии по десет години да подготвуваат заеднички платформа и се уште да зборуваат за овие нерешени прашања. Некои од аналитичарите ја спорат и легитимноста на ДУИ кај албанскиот електорат.
“Ако зборуваме за принципот победник со победник, најголемиот проблем што ни се појавува е дека победникот од македонска страна, во овој случај ВМРО-ДПМНЕ, од 2006 до 2016 година, не ги почитува платформите на албанските политички партии и ги прекршува тие платформи. То што Албанцита денес создадоа платформа покажува дека досега не е реализирана ниту една од овие точки. Мислам дека принципот победник со победник е прекршен, затоа што не се почитувале правата на Албанците и реализирањето на албанската платформа“. – изјавува Арсим Синани, аналитичар

Посредникот во Мајскиот договор – заменик-помошничката државен секретар, Розмари ди Карло, само неколку месеци по потпишувањето на документот зборуваше за неспроведувањето на Мајскиот документ во практика. Таа тоа го кажа уште во 2007-тата на заедничка прес-конференција со поранешниот премиер Груевски.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини