Сметаме дека граѓаните на Република Македонија мора да ја дознаат вистината, затоа што, тоа е нивно право и од тоа зависи нашата иднината, но и иднината на нашата држава. Ние, граѓаните, едноставно и единствено, ја бараме вистината!, се обрати со соопштение платформата за граѓанска политика „Ајде!“.

16088683005_fcd284a696_o

Од платформата велат дека со големо внимание, но и со голема загриженост, ги следат настаните поврзани со случајот „Пуч“ и препознаваат бројни обиди за дезинформирање. Оттаму веруваат дека постојат организации и поединци кои ја следат ситуацијата и кои ќе застанат во заштитат на правата на граѓанките и на граѓаните.

– Бараме простор за нив во јавноста! Внимателно ги следиме медиумите, критички размислуваме, и препознаваме кој организирано и тенденциозно шири дезинформации и страв во јавноста, а кој информира и објавува факти. За нас е најважна вистината и затоа, бараме да се објави без какви било притисоци, закани и уцени спрема оние кои сакаат да ѝ служат, стои во соопштението.

Слични содржини