Американски авиони прелетале над Бања Лука, од Република Српска реагираат: „Ова е провокација“

од Nikola Popovski

Американски воени авиони Ф-16 ја прелетале областа Врбас во Република Српска, БиХ, јавува денеска РТРС.

Како што се наведува, додека во Бања Лука се одржувала свечена академија по повод неуставниот ден на РС – 9. јануари, американски авиони ја прелетале Бања Лука.

Два ловци Ф-16 денеска ги прелетале Брчко и Тузла како дел од обуката за контрола на напад на вооружените сили на БиХ и воздухопловните сили на САД.

Имало и трет авион, „Stratotanker“ кој ги наполнил ловците со гориво и кој бил единствениот видлив на апликацијата „Flight Radar“.

Како што јави РТРС, одговорот од Република Српска е дека станува збор за „класична провокација во пресрет на Денот на РС“, што е потврдено и од Амбасадата на САД во Сараево, од каде што изјавиле дека овие летови покажуваат посветеност на територијалниот интегритет на БиХ во екот на „антидејтонските и сецесионистичките активности“.

Слични содржини