Австрија ќе испрати војска на границата со Италија

од desk3

Австрија планира повторно да воспостави контрола на границата со Италија и има планови да испрати војници доколку не се намали приливот на мигранти.

“Очекувам дека наскоро војската ќе биде потребна за контрола на границите”, рече министерот за одбрана Питер Доскозил. Министерот додаде дека овие мерки се “неопходни ако не се забави приливот на мигранти (од Африка) во Италија”. Според весникот, 750 војници со четири оклопни возила подготвени се  веќе овој викенд да отидат во пограничниот регион.

Австрија уште најави дека повторно ќе воведе и контрола на границата со Унгарија која во 2015 година најави подготвеност па дури и да подигне ограда на границата со Италија. Високиот комесаријат за бегалци денеска соопшти дека оваа година низ Медитеранот во Италија достигна 83.650 лица, што е речиси 20 отсто повеќе отколку во првата половина на минатата година.  Поголемиот дел од сиромашните со бродови тргнаа од брегот на Либија, а повеќе од 2.000 се удавиле во текот на патувањето. Италија бара од другите европски земји  поделба на приливот на имигранти.

Слични содржини