Без лаптопи и таблети во авионите до Лондон

од Vladimir Zorba

Забраната важи за летови од шест земји од Блискиот Исток и Северна Африка Лондон, Велика Британија

Од денеска стапува на  сила воведената од безбедносни причини забрана за користење на големи преносни електронски уреди во салата на патнички авиони кои вршат летови кон Велика Британија од шест земји од Блискиот Исток и Северна Африка, пренесоа агенциите.

Мерките се на сила  на  летовите од Турција, Либан, Јордан, Египет, Тунис и Саудиска Арабија. Патниците кои летаат од овие земји, не можат да имаат со себе во салонот на авионот мобилни телефони, компјутери и таблети со големина над 16 см должина, ширина над 9,3 см и дебелина над 1,5 см.

Овие мерки все нас ила на  шест британски и осум странски авиокомпании. Поширока забрана воведоа САД. Ограничувањата засегаат се за  10 аеродроми во Египет, Јордан, Катар, Кувајт, Мароко Обединетите Арапски Емирати и Турција.

На патниците, кои полетуваат од овие аеродроми за САД, им се забранува да носат во салата на авионот електронски уреди поголеми од smartphone.

Вашингтон  ги објаснува строгите мерки со тоа дека терористичките групи продолжуваат да планираат напади врз цивилната авијација, како активно применуваат нови методи за остварување на терористички акти.

Слични содржини