Бигорскиот манастир ќе добие мебел, лустери, кандило и теписи од Агенцијата за управување со одземен имот

од Nikola Popovski

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу на неговиот Фејсбук профил објави дека покрај возилото за џамијата во Арачиново, предвидено е средства и материјални добра да добие и Бигорскиот манастир. Предлогот е готов и зелено светло треба да дадат Управниот одбор на Агенцијата и Владата, а како што вели директорот, нема ништо противзаконско во ова.

Според документот од Агенцијата што го објави Небиу, манастирот ќе добие црковен мебел, лустери, 10 килограми темјан, кандило, теписи, чајник и крстилица.

-Агенцијата за управување со одземен имот има закоснко право да отстапи конфискувани добра на државни институции, и со таа цел агенцијата излегува во пресрет да помогне согласно законските регулативи на сите граѓани и државни институции на Република Северна Македонија, согласно побарувањето направано од страна на “Одниси со верски заедници” на Бигорски манастир Свети Јован Крстител, имаме одлука правосилна која веќе помина на управен одбор и се очекува одлука од страна на владата да и се доделат добра, напиша Небиу на социјалните мрежи.

Претходно Небиу информираше дека Арачиново не е заборавена општина и заслужува грижа, особено од државните институции. По тој повод, Агенцијата одлучила да ѝ подари комбе од марката „Цитроен Џампер“.

Слични содржини